Мајката на Бен Афлек фотографирана со неговата поранешна сопруга, гушнати и насмеани

by Тони Зографски

Среде гласините за развод од Џенифер Лопез, актерот Бен Афлек беше фотографиран во друштво на мајката Кристофер Ен Болд и неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер.

Поранешните сопружници пристигнаа заедно на уште еден натпревар на нивниот син Семјуел, а им се придружи и мајката на Бен. Гарнер се развесели кога ја виде поранешната свекрва.

Џен кажала и нешто што ги насмеа Бен и неговата мајка, а Ен со прегратки стави до знаење дека поранешната сопруга на нејзиниот син сè уште ја сака.

Последните недели многу се зборуваше за врската на Џенифер Лопез и Бен Афлек. Наводно, нивниот брак е во криза и се разведуваат, но двајцата се уште не објавиле.

Неодамна нивната раскошна палата во Беверли Хилс беше ставена на продажба за 60 милиони долари. Таа куќа ја купија пред само една година.

 

останати вести