Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на последната седница ја назначил Марија Митева за портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, покрај актуелните Димче Арсовски и Наум Стоилковски.
Митева е магистер по правни науки, отсек деловно право.
Од ВМРО-ДПМНЕ информираа дека на седницата меѓудругото се разгледувала актуелната економска и политичка ситуација, поврзани со актуелните случувања во време на пандемијата при што се изнеле заклучоци дека економската ситуација во Македонија никогаш не била полоша, 60.000 граѓани останаа без работа за само неколку месеци, а од друга страна се вработуваат партиски војници на СДСМ и се згрижуваат по институции.