Подигнато знамето на НАТО пред македонското Собрание (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Попладнево на свечена церемонија, на јарболот пред Собранието на СРМ беше подигнато знамето на Северноатлантската алијанса-НАТО. На свеченоста присуствуваше целиот државен врв, пратениците и гостите од странство.

По интонирање на химната, знамето на НАТО беше кренато на јарболот и тоа отсега ќе се вее заедно со македонското државно знаме.

Инаку,  синото знаме на НАТО има бел амблем кој претставува компас со четири бели линии. Знамето на НАТО е одобрено на 14 октомври 1953 година.

Претходно, Собранието на Република Северна Македонија со 114 гласа „за“ го усвои Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор.

https://www.facebook.com/SPendarovski/videos/177277306874873/?t=0

останати вести