Ќе му се одрази ли на животот: Груевски остана без плата!

by Тони Зографски

Со 53 гласа „за“ и 3 „воздржани“ се донесе дополнување на Законот за пратеници со кој се предвидува пратениците кои ќе имаат казна затвор од 6 месеци, да го изгубат правото на пратеничка плата, надоместоци, патни трошоци, како и сите останати бенефиции. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, гласаше воздржано.

„Не сум убеден во решението на Законот и затоа сум воздржан, но должен сум да ги почитувам процедурите на Собранието“, рече Џафери.

Законската измена гласи:

„Ако пратеникот е осуден со правосилна судска пресуда на казна затвор подолга од шест месеци, го губи правото на исплата на плата, други лични примања и надоместоци на трошоци”.

Подносители на предлогот беа Снежана Калеска Ванчева, Горан Мисовски, Мухамед Зеќири, Соња Мираковска, Реџеп Мемеди и Реџаил Исмаили.

Со новите дополнувања сега престанува да му тече платата на експремиерот Груевски кој е во бегство.

останати вести