Манекенката Кауане Рода се најде во центарот на вниманието, бидејќи неодамна се омажи за 66-годишниот бразилски политичар Хисам Хусеин Дехаини.
Кауана тогаш имала само 16 години и се уште била во средно училиште кое го немала завршено, а тој бил градоначалник на Араукарија.
Она што е интересно е дека нивната врска не е незаконска, бидејќи законот во Бразил дозволува мажи и жени да се венчаат на 16 години, иако за тоа е потребна родителска согласност.
Свесна дека е мета на критики поради разликата во години, како одговор на сите коментари, убавицата на социјалните мрежи објави скриншот од резултатите од пребарувањето за неа и името на нејзиниот сопруг за нивната прва годишнина од бракот.
Таа постави прашање:
„Една година прашувате по колку години имаме. Фанови или хејтери?
И покрај коментарите манекенката со задоволство објавува фотографии со пет децении постариот сопруг. Нивниот брак предизвика контроверзии, особено затоа што политичарот ја унапреди нејзината мајка на повисока позиција само еден ден по нивната венчавка.
Двојката се запознала на настан организиран откако Кауане завршила на второто место на изборот за Мис Араукарија во 2022 година, во категоријата девојчиња од 15 до 17 години. Набргу по средбата влегле во емотивна врска, а потоа и во брак.