Поранешниот модел Синди Крафорд (58) ги изненади своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм со фотографија без шминка. Таа се фотографира како лежи во креветот во опуштен и сосема природен изглед, облечена во бела ноќница на прерамки.
Беше јасно дека на нејзиното лице нема ниту трага од шминка, што покажуваше дека Синди не се срами од својот природен изглед. Во прилог на тоа говори и фактот дека таа во неколку наврати споделувала вакви фотографии на мрежите. Убавата Синди изгледа сексапилно, но нималку вулгарно во оваа издание.
„Сè уште изгледаш убаво, Синди“, „Твојата кожа изгледа совршено“, „Најубавата жена на светот“, „Каква божица си“, „Ти си неверојатно убава“, „Толку убава без шминка“, „Убавина како ниедна друга“, ѝ напишаа во коментарите воодушевените обожаватели.
Многумина особено ја коментираа нејзината кожа пофалувајќи го нејзиниот младешки изглед. Судејќи по коментарите и бројот на комплименти, изгледа дека и на 58 години повеќето ја сметаат за една од најубавите жени на светот.
„Изгледаш божествено“, „Опседната сум со тебе“, „Конечно, некој чие лице не е целосно истегнато. Природна убавина“, „Мојот омилен супермодел“ и „Убава и природна како и секогаш“ се дел од многуте коментари.