ЗАЕВ ГИ ИСКАРАЛ РУСКИТЕ КОМИЧАРИ: Нe e убаво да се шегувате со чесни луѓе (ФОТО)

by Тони Зографски

Премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ Клан изјави дека еден од руските комичари му пишал порака откако тој имаше прес-конференција во врска со разговорот со него и уште еден руски комичар, верувајќи дека зборува со поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

“Вчера ми пишуваше истиот тој лажен човек, една порака дека храбро сум се борел против моите непријатели на вчерашната прес-конференција. Јас возвратив со порака, реков дека јас сум чесен човек, немојте да го правите тоа така какви и да се шегувате со чесни луѓе кои сакаат чесно да им служат на своите држави и својот народ. – рече Заев.

 

 

останати вести