Случајни минувачи на улиците на Сантијаго во Доминиканската Република биле сведоци на вистинска драма, наводно љубовна, кога една постара жена се качила на хаубата на такси и почнала да вика и да удира со тупаници по прозорецот на автомобилот, барајќи од нејзиниот сопруг да излезе.
„Излези, излези слободно. Ајде да разговараме. Не сакам ништо од тебе. Не дојдов да се тепам“, одекна низ улицата, што го привлече вниманието на локалните жители, кои го снимале ова видео.
Иако во автомобилот со затемнети стакла не се гледа колку луѓе има во возилото, наводно покрај љубовницата , внатре бил сопругот на жена која во напад на љубомора и гнев се качила на хаубата на таксито.
За жал, не е познат епилогот од наводната љубовна драма, па останува мистерија дали љубовниците излегле од возилото или останале внатре додека на жената не и поминал бесот.
Chofer de carro público es sorprendido por su esposa cuando intentaba entrar a una cabaña con su amante @DespiertaPuebRD pic.twitter.com/kt2WhOnSvs
— Despierta Pueblo RD (@DespiertaPuebRD) January 14, 2022