Српскиот претседател Александар Вучиќ истакна дека наскоро сите од регионот ќе може да се вакцинираат во Србија.
Тој кажа дека Србија наскоро ќе им овозможи на граѓаните на БиХ, Црна Гора и Македонија да се вакцинираат во таа земја против коронавирусот.
Вучиќ нагласи дека Србија има доволно вакцини, за разлика од другите земји во регионот.
„Србија има доволно вакцини. Наскоро ќе им овозможиме на сите граѓани на БиХ, Црна Гора и Македонија да можат да дојдат во Србија и да се вакцинираат“, рече Вучиќ.