Лекувањето ковид во приватните болници да се движи од 40.000 до 305.000 денари

by Тони Зографски

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук синоќа објави дека на денешниот работен состанок со вицепремиерот Љупчо Николовски било разговарано за измената на Законот за здравствена заштита.

Министерот вели дека измените на Законот за здравствена заштита се однесуваат на утврдување на највисоки цени што приватните болници ќе може да ги наплаќаат на ковид пациентите кои здравствената услуга ја плаќаат со лични средства.

Предлогот на Законот е цените во приватните болници да бидат изедначени со реферeнтните цени утврдени од Фондот, односно дијагонстицирање и лекување на ковид пациенти да се движи од 40.000 до 305.000 денари. Ова е заклучокот на Главниот координативен кризен штаб (ГККШ), предводен од претседателот на Владата Зоран Заев, кој предлог денес ќе се најде на седница на Влада.

останати вести