ФАЈЗЕР: Нашата вакцина е безбедна за деца од 5 до 11 години

by Тони Зографски

Компанијата „Фајзер“ денеска објави дека испитувањето во 2/3 покажало дека вакцината е безбедна и создава голем број на антитела кај деца на возраст од 5 до 11 години.

Ова се првите резултати објавени за оваа возрасна група за американската вакцина. „Фајзер“ соопшти дека наскоро планира овие резултати да ги достави до Американската администрација за храна и лекови за одобрување за итна употреба.

Испитувањето опфатило 2.268 учесници на возраст од 5 до 11 години, користејќи две дози на вакцината.

Резултатите од тестовите за деца под 5 -годишна возраст не се очекуваат најрано до четвртиот квартал оваа година, изјави д -р Бил Грубер, виш потпретседател на Фајзер.

останати вести