Бетмен како трча низ Белград е снимен пред неколку дена кај Бранковиот мост, а сега повторно е „фатен“ во Вождовац.
Како што објави читател на Курир, тој синоќа околу 22 часот снимил маж облечен како Бетмен, со маска на лицето додека трчал низ Вождовац.
– Лесно трчаше како Бетмен, го фатив од далеку, изгледа убаво се забавува – изјавил читателот на Курир.
Засега не е познато зошто овој човек трча маскиран во суперхерој, но едно е сигурно, а тоа е дека низ улиците на Белград може да се видат секакви работи, објави Курир со ВИДЕО од чудниот човек..