Викторија Лоба на својот Инстаграм профил сподели интересна мисла. Таа се пофали дека одлично и оди во кариерата по промоцијата на нејзиниот нов албум „Нов свет“, но се пожали дека работи со брзо темо и нема време да се наспие.
„Голема желба ми е во денот да имам плус барем 3-4 часа екстра за да можам да стигнам сѐ на време. И да се наспијам. Веќе не се сеќавам кога се имам наспано на раат, но кога ги гледам резултатите од мојата работа , сфаќам дека мојата ненаспаност се исплати. Ви посакувам на сите да ја имате работата од вашите соништа“,напиша Лоба.