Музичките ѕвезди Бијонсе (37) и Џеј Зи (49) им даваат на своите обожаватели прилика да освојат доживотни бесплатни карти за нивните концерти во замена за едномесечно преоѓање на веганска исхрана.
Според правилата на натпреварот, еден обожавател ќе добие две карти за официјалната концертна турнеја на Бијонсе и/или Џеј Зи за идните 30 години.
Пејачката објави конкурс на својот профил на Инстаграм, каде во моментот има 123 милиони следбеници.