На социјалните мрежи се појавија досега невидени фотографии од сопругата на принцот Хари, војвотката Меган Маркл. На дел од нив Меган е во костим за капење.
Инаку, за неа е познато дека потекнува од сиромашно семејство кое едвај врзувало крај со крај. Медиумите пишуваат дека Меган не е ни вистинското име. Кога се родила таа го добила името Рејчел Меган Маркл. На шест години таа почнува да оди во женско котоличко школо, во кое оделе само девојчиња. Кога имала 11 години, на телевизија видела сексистичка реклама. И пишала на компанијата со барање да ја променат формулацијата и познатата компанија се сложила.
Покрај големата љубов кон театарот, Меган обожава и политика, па така завршила двојно образование. Работела најразлични работи, прифаќала ситни и неважни улоги само за да состави „крај со крај“.
Калиографија е нејзината втора љубов, а за да заработи дополнително работела во продавница за дизајнирање на покани за свадба. Обожава да готви и со задоволство подготвува слатки. Со јога се занимава од седмата година. Нејзината мајка е инструктор по јога, додека Меган освен јога обожава и трчање.