Никола Јокиќ ужива во летниот одмор во својот Сомбор, но повремено посетува и други дестинации на Балканот, од кои последна на неговата карта се нашла Босна.
Доказ за тоа е видеото кое го објави еден познат маркет од оваа земја, а кое стана вирално поради опуштеноста на големата НБА ѕвезда, но и коментарот на продавачката.
Случката е снимена во градот Горажде, каде Јокиќ заедно со своите пријатели влегол да купи неколку освежителни пијалоци, но и пиво.
Големата НБА ѕвезда веднаш се забележува на камерата поставена во маркетот, но видеото стана регионален хит поради коментарот на продавачката која очигледно не следи кошарка
– Леле сине колкав си, ти си само за кошарка…..
Сопственикот на маркетот во којшто бил Јокиќ дал изјава за порталот:
„Јас бев во град кога ми се јавија и ми кажаа: Знаеш ли дека во маркетот ни дојде Никола Јокиќ? Работникот којшто ми се јави и ми рече дека Никола и пријателите застанале за тој да помине со камионот за да ја заврши работата, а после влегле во маркетот по пијалак и други некои ситници.
Биле љубезни и расположени. Ма, никој не можел да верува, но се случува. Дина, работничката на каса, баш сите нѐ насмеа. Ние секако дека го споделивме видеото. Луѓето се воодушевени од средбата, но жал ни е што немавме прилика малку да поразговараме. Никола, но и сите други секогаш се добредојдени во Горажде и кај нас“, раскажал тој за порталот.