Лажни порно снимки со Тејлор Свифт се шират на социјалните мрежи (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Лажни порно снимки на Тејлор Свифт генерирани од вештачка интелигенција кружат на социјалните мрежи,а бесните фанови на најголемата поп ѕвезда на денешницата масовно известуваат за профили кои ги споделуваат и испраќаат пораки за поддршка на пејачката

Дипфејкс ја прикажува Свифт во различни сексуализирани позиции на натпревар на Канзас Сити Чифс, со чиј играч Тревис Келче е во врска. Не е познато кој прв ги направил фотографиите или ги споделил.

Сепак, од утрово имало речиси 60.000 објави на X. фановите, т.н. Свифти се собрале и се обиделе да ги „закопаат“ сликите, а некои профили што ги споделуваа биле укинатии по пријавите.

Image

„Ова е сексуален напад“, „Одвратно“, „Кој го објавил ова треба да биде казнет“, „Ве молам, не го споделувајте ова“, „Да ја заштитиме Тејлор Свифт“, се само дел од коментарите.

останати вести