Пејачката Кристина Агилера официјално ја отвори продавницата на H&M во Њујорк во многу предизвикувачко издание во кое најголемо внимание привлекоа нејзините златни гаќички.
Долниот дел од модната комбинација, златните гаќички, изгледаше како да е од лим. Со впечатливото модно парче пејачката искомбинирала едноставна црна маичка со капут во иста боја и високи, кожени, црни чизми.
Судејќи по фотографиите, Агилера беше расположена и гордо ја покажа својата витка линија.
Како што знаеме, ѕвездата неодамна го привлече вниманието на себе поради слабеењето. Многумина веруваат дека таа го користела популарниот лек за слабеење Оземпик за да ја добие фигурата што ја има денес.
„Сега сум доволно зрела што повеќе не ме интересираат туѓите мислења. Нема да ги прифатам. Ваша одговорност мора да биде да го заземате вашиот сопствен простор. Мислењата на другите луѓе за мене не се моја работа“, Агилера одговори на гласините за користење Оземпик.
Инаку, пејачката претходно изјави дека во музичката индустрија била соочена со барања како треба да изгледа. „Кога си тинејџер, имаш сосема поинакво тело отколку кога имаш 20-ти. Тогаш луѓето од индустријата ми рекоа: „Им се допадна твоето тело и како си била слаба тинејџерка“, сподели таа во една прилика.