Холивудскиот актер Вилијам Болдвин ќе снима филм во Македонија

by Тони Зографски

Холивудскиот актер Вилијам Болдвин најави дека ќе снима филм во Македонија. Во изјава за медиумите Болдвин вели дека во неговата агенда има филм кој треба да се снима и на нашата територија.

„Работам на телевизиската серија во Србија ‘Јужен ветер’, а потоа повторно ќе се вратам овде во Косово за да работам на некои други проекти со Арбен, а имам и филм што треба да го снимам во Северна Македонија“, рече американскиот актер за српски Новости.

Во моментов Болдвин работи на снимањето на филмот „Јас и Милошевиќ“, проект кој собра актерска екипа од познати холивудски, европски и косовски актери. Меѓу нив, покрај Вилијам Болдвин, кој минатиот месец беше во Белград со Ерик Робертс и Жерар Депардје, се и Тони Робинсон и Марија Грација Кусинота.

Како режисер и сценарист на филмот се потпишува Арбен Кастрати. Инаку, филмот на приштинскиот режисер, како што се наведува, ги  претставува настаните од 2003 година кои се совпаѓаат со повоениот период на Косово, а наративот на главниот лик и неговото искуство од настанот се провлекува во филмот, пренесувајќи трагедија, комични сцени и реалноста на населението кое живее во првите денови на слободата, а се очекува во кината во 2023 година.

Извор: репортер.мк

Фото: kurir.rs

 

останати вести