Актерката Аница Лазиќ доби големо медиумско внимание откако се дозна дека е во врска со 39 години постариот актер Лазар Ристовски. Таа знае често да сподели нивни заеднички слики на социјалните мрежи, а меѓу најновите се оние од Малдиви каде неодамна отпатуваа.
Како што рекла во интервјуто за „Ало“, последните седум месеци ги поминала на снимање на нова серија, па Лазар ѝ предложил да одат на краток одмор. Набрзо тие се одлучиле за Малдиви за што таа вели дека не зажалиле.
Актерката се вратила од ова егзотично патување полна со впечатоци, а убавите плажи и дружељубивите луѓе ја воодушевиле.
„Тоа е местото на најубавите зајдисонца. За изгрејсонцата не знаеме, бидејќи ги преспавме сите“, рекла таа, а потоа додала дека секаде оделе боси:„Шетавме без чевли по најситниот бел песок“.
Овој пар имал можност да запознае многу нови луѓе на Малдиви, но и да научи многу од локалното население.
„Од Малдивците можете многу да научите за природата и нејзиното зачувување, за односот кон животните кои живеат таму, за угостителството и топлината со која го третираат секој гостин. Жителите на Малдиви живеат во сегашниот момент, без стрес или брзање“, заклучила актерката.
Инаку, Лазар зад себе има еден брак и тоа со колешката Даница Ристовски, а сега многумина се интересираа дали ќе ја однесе пред олтарот и Аница на која, како што вели самата, бракот не ѝ е приоритет.