Кралското семејство го избрка принцот Ендру од неговата канцеларија во Бакингемската палата, само неколку дена откако соопшти дека се повлекува од сите службени должности. Освен тоа, принцот мораше да ги прекине сите врски со својата добротворна организација “Pitch and Palace”. Исто така многу организации како Кралскиот филхармониски оркестар јавно се дистанцираа од принцот Ендру.
Кралицата Елизабета исто така одлучила да го санкционира принцот и парично. Ќе остане без својата плата која годишно изнесува околу 300 илјади фунти, но сепак тоа не значи дека ќе остане без приходи. Наводно за ова кралицата Елизабета се консултирала со својот најстар син Чарлс.
Инаку, британската јавност жестоко го осуди принцот Ендру не само поради неговото дружење со милијардерот-педофил Џефри Епстајн кој одлежа во затвор поради сексуални односи со малолетнички, туку и поради обвинувањата дека и самиот тој имал односи со 17-годишно девојче против нејзината волја.
Ендру ќе продолжи да ги добива приходите од профитабилниот имот Duchy of Lancaster кој минатата година на кралицата Елизабета и нејзините деца ѝ донесе заработка од 21,7 милиони фунти. Покрај тоа, ќе продолжи да живее во својот дом Royal Lodge кој го доби на користење и на негово реновирање потроши 7,5 милиони фунти.
Иако според службеното соопштение Ендру самиот одлучил да отстапи од сите кралски должности, британските таблоиди тврдат дека зад сето тоа стои лично неговата мајка, кралицата Елизабета Втора. Наводно 93-годишната кралица го повикала својот син и буквално му наредила самиот да се повлече од сите јавни должности.