Војводата и војвотката од Сасекс, Хари и Меган, одлучија да се повлечат од кралските обврски како возрасни членови на кралското семејство и да станат финансиски независни. Според изјавата, тие сакаат да работат за да бидат независни, додека продолжуваат целосно да ја поддржуваат кралицата Елизабета Втора.
Во соопштение тие наведуваат дека оваа година тие одлучиле да играат прогресивна нова улога во рамките на таа институција.
„Имаме намера да се повлечеме како постари членови на кралското семејство и да работиме за да станеме финансиски независни, додека ние продолжуваме целосно да ја поддржуваме Нејзиното Височество кралицата. Со вашето охрабрување, особено во изминатите неколку години, чувствуваме дека сме подготвени да го направиме тоа прилагодување “.
„Планираме да го поминуваме времето на релација Велика Британија – Северна Америка, продолжувајќи да ги исполнуваме нашите должности кон кралицата и Комонвелтот. Оваа географска рамнотежа ќе ни овозможи да го израснеме нашиот син со благодарност за кралската традиција во која се роди, а истовремено ќе му обезбеди простор на нашето семејство да се фокусира на следното поглавје, како што е започнувањето на нашата хуманитарна организација“, наведуваат тие во пораката на Инстаграм.
Оваа одлука особено ја погоди кралицата Елизабета Втора која е бесна бидејќи со оваа одлука можат да се наруши угледот на кралското семејство.
“ Меган го излажа и потполно го промени Хари. Не можам да го препознаам. Таа му го контролира животот“ – наводно рекла кралицата, пренесува извор од дворот.
Истиот извор наведува дека принцовите Чарлс и Вилијам се бесни и неможат да поверуваат што се случува. Наводно, Хари не е во добри односи си братот Вилијам, а од кога се ожени со Меган ситуацијата станала алармантна.
Инаку, најверојатно Меган и Хари ќе се преселат во Лос Анџелес по желба на војвотката од Сасекс.