Заводникот од популарната серија “Ла Каса де Папел” во врска со Србинка (ФОТО)

by Тони Зографски

Шпанскиот глумец Педро Алонсо (48), познат како Берлин од популарната шпанска серија “Ла Каса де Папел”  е во врска со Србинката Татјана Ѓорѓевиќ која е родена во Свилајнац.

Глумецот кој е роден во Виго, а кој преку ноќ стана звезда, нема преголеми амбиции во актерството, туку сака само  да ужива во животот. А тоа најдобро го прави сликајќи во тандем со својата девојка која е уметник.

-Не сакам да бидам милионер, ниту звезда, единствено што сакам е популарноста да ми пружи да пробам нешто ново во животот, – изјавил Алонсо за хрватска “Глорија“.

-Кога бев млад не верувам во себе, и што ѝ да направев не ми се допаѓаше. Затоа сакав да си го променам животот и да уживам во него.

Овие денови ќе биде објавен и дебитантскиот роман на шпанскиот актер. Книгата ќе биде опремена со бројни илустрации кои ги насликала неговата девојка, чие уметничко име и е Тиксие Јамбас.

 

 

останати вести