Хрватските медиуми ги споделија првите фотографии во јавност од новото момче на Данијела Мартиновиќ, првиот маж во кој се заљубила по прекинувањето на 25-годишната врска со Петар Грашо. Како што пејачката неодамна откри за „Глорија“, 49-годишниот инспектор Јосип Плавиќ го запознала кога нејзината адвокатка пред некаде околу една година поднела пријава за крадење на нејзиниот идентитет преку интернет. Полицијата брзо го решила случајот, а пејачката и инспекторот продолжиле да се дружат.
“Се почна со еден непланиран телефонски повик, кој очигледно мораше да се случи.Откако се запознавме, поминавме многу време разговарајќи и полека почнавме да забележуваме дека делиме исти вредности, поглед на животот и светот околу нас, па дури и по некои соништа, вели Мартиновиќ за „Глорија“.
Пријателите на 51-годишната пејачка велат дека таа е вљубена до уши и дека тој е човекот на нејзиниот живот. На почетокот им било малку чудно што се поврзале, зошто тој е доста повисок и покрупен од хрватската џебна Венера, но подоцна сфатиле дека во карактерите многу си одговараат. Овој загрепски полицаец е познат и како рок-пејач и гитарист. Тој е дел од бендот „Изван закона“, основан во 1991 година. Покрај тоа, тој е ентузијаст за пејнтбол и потпретседател на пејнтбол клуб.
Јосип зад себе има еден брак во кој добил ќерка, а со поранешната сопруга е во многу добри односи.