Водителката и модел Кристин Мекгинис претходно објави дека нејзините три деца имаат аутизам, а сега и неа и стасала дијагноза!
Водителката и манекенка Кристин Мекгинис е мајка на три деца, а за тешкото воспитување и злоставување што ги доживеала проговорила во својата автобиографија, ексклузивен извадок во кој открила дека има аутизам. Таа објаснила како и бил дијагностициран аутизам во зрелоста, пренесува „Mirror“
Кристин е во брак со ТВ водителот Педи Мекгинис, а ги имаат седумгодишните близнаци Лео и Пенелопе, како и петгодишната ќерка Фелисити.
„Мојата дијагноза на аутизам беше потврдена. Беше чудно, но во текот на животот забележував мали знаци дека нешто не е во ред. Моите проблеми со храната, моите тешкотии во општеството, моите обиди да бидам комуникативна и фокусирана и мојата неодлучност. Лебдењето низ животот ме потсетува на однесувањето на ќерка ми. Јас сум повеќе како моите деца отколку што можев да замислам“, напишала таа во книгата „Прекрасен кошмар“.
„Не сум изненадена. Дијагностицирани ми беше во август. Педи и јас бевме поканети да се сретнеме во Кембриџ со најголемиот експерт, Сер Сајмон Барон-Коен. И двајцата пополнивме тест, прашалник наречен „AQ“ кој се однесува на симптомите на аутизам“, опишала Кристин.
„Невротипните луѓе би добиле оценка до 15, а за да се потврди дека имате аутизам, треба да имате висока оценка. Скалата оди до 50., мојот резултат беше 36.“, напишала водителката и модел.
„Не само што сум аутист, туку сум високо на спектарот, тоа го потврди сер Барон-Коен. Плачев како дожд кога излегов од канцеларијата. Од олеснување, но и од тага за помлада личност. Поради мојата омраза од училиштето што го напуштив, поради неразбирањето на учителите и другарите. Кога му кажав на маж ми дека сум аутистична, тој ми кажа само едно, дека се сомневал со години, но дека никогаш не му паднало на памет да ми каже, туку дека го забележал знаци, дека сум поинаква, дека понекогаш ми требаше толку време да изберам помеѓу две маички, што тој се фрустрирал.Дека не излегував, затоа што ми е тешко да се справувам со луѓето и реалниот свет“, напишала таа.
„Јас сум најдобрата верзија од себе кога сум со моите деца. А тоа е веројатно поради нашиот аутизам. Ние четворица остануваме дома, а понекогаш и не зборуваме”, напишала Кристин.