КОЈА ОД КОЈА ПОУБАВА: Жизел Бундхен на забава со својата сестра близначка (ФОТО)

by Тони Зографски

Супермоделот Жизел Бундхен дојде на забавата со нејзината сестра близначка Патриша

Супермоделката и поранешен ангел на Викторија Сикрет Жизел Бундхен беше гостинка на годишната гала Луз Алијанса во организација на Бразилската фондација.

42-годишната манекенка на црвениот тепих на церемонијата се појави во друштво на нејзината сестра близначка Патриша Бундхен. Жизел беше облечена во бел фустан и зелени чевли со високи потпетици, додека нејзината сестра изгледаше прекрасно во фустан со цветен принт.

„Ова беше мојата прва гала на Фондацијата и не можев да го направам без сестра ми Пати. Многу сме блиски, бидејќи сме близначки. Си веруваме една на друга и секогаш го сакаме најдоброто една за друга, што е бесценето“, изјави Жизел Бундхен за новинарите.

Жизел и Патриша Бундхен се родени на југот на Бразил во семејство на германски имигранти. На 14-годишна возраст, Патриша, како и Жизел, започна работа на модел, но работата на модната писта ѝ изгледаше здодевна и таа се преквалификува како менаџер за модели. По дипломирањето, Патриша ѝ помогна на Жизел да го освои светот на моделството низ годините.

останати вести