Фудбалерот на Валенсија, Езекијел Гарај, е заразен со коронавирус и мора да мине 14 дена во карантин. Неговата сопруга, познатата инфлуенсерка Тамара Горо не може да биде со него, но таа најде начин да биде во негова близина. Имено, таа преку стаклото го бакнуваше Гарај.
Аргентинецот ја постираше фотографијата, која стана светски хит, и ја проследи со пораката:
„Таа е секогаш до мене, чекор по чекор…те сакам многу љубов моја“.
Инаку, дури пет фудбалери на Валенсија се заразени со коронавирусот.
https://www.instagram.com/p/B9y0XBeIVco/?utm_source=ig_web_button_share_sheet