Озлем Туречи и Угур Шахин, основачите на германски „Бионтек“ кои во соработка со американската фирма „Фајзер“ на пазарот ја изнесе вакцината против коронавирусот, сметаат дека вирусот ќе стане вирусно заболување кое може да се контролира.
Туречи и Шахин во интервју за „DW“ изјавиле дека прашањето кога пандемијата ќе заврши е тешко прашање со оглед на тоа што секојдневно учиме нешто ново за вирусот, за тоа како реагира на вакцината, но дека уште сега со сигурност може да се каже дека постепено ќе дојде до нова нормалност.
„Сигурно со вирусот ќе живееме уште неколку години. Ќе се пронајдат одговори на прашањата кои денес ги немаме. Иднината ќе покаже дали ќе се појават нови варијанти на вирусот и дали ќе мора да извршиме адаптирања на вакцината“, сметаат основачите на „Бионтек“.
Тие оцениле дека со текот на годините вирусот ќе добие статус кој денес го има грипот.
На прашањето дали „Бионтек“ работи на новата вакцина против мутациите на вирусот, Шахин одговорил дека моментално тестираат варијанти на вакцини на релативно мал број на доброволци.
„Студија за јужноафриканската бета-варијанта е речиси готова, уште една за делта варијантата е во тек, првенствено заради собирањето податоци“, изјавил Шахин.
Тој исто така истакнал дека моментално немаме потреба за замена на вакцините, но дека сакаат да покажат дека можат да произведат и клинички да тестираат нови варијанти од вакцината кои еднакво се безбедни како и вакцините кои моментално ги имаме.
Шахин изјавил дека доколку во наредните години се појават други варијанти за кои вакцината мора да се адаптира, тоа би можело многу брзо да се направи, со оглед на тоа што веќе се етаблирани одговарачките поцеси.