Италијанскиот милионер и плејбој Џанлука Ваки се вакцинираше во Белград (ФОТО)

by Тони Зографски

Популарниот италијански милионер и миленик на жените Џанлука Ваки (52) се вакцинираше во Белград.

Имено Џанлука во Белград пристигнал со приватен лет, а дошол само поради вакцинација и тоа на саемот во главниот град.

На радост на жените италијанскиот милионер се вакцинираше без маичка на себе, па сосема гол покажа дека е видно расположен додека медицинската сестра го боцка во раката.

Тој во светот се прослави со танцувачките видеа, а од тогаш е се повеќе во центарот на вниманието на светската јавност, а на Инстаграм го следат повеќе од 20 милиони луѓе.

Џанлука Ваки ќе се врати во Белград за три недели каде следува негова ревакцинација.

останати вести