ВНИМАВАЈТЕ: Пристигна омикрон стелт-вирус кој не може да се открие со ПЦР тест

by Тони Зографски

Научниците тврдат дека идентификувале „стелт“ или „невидлива“ верзија на новиот вид на корона наречен омикрон, за кој велат дека не може да се разликува од другите варијанти со PCR

Стелт-варијантата има многу заеднички мутации со стандардниот омикрон, но и недостасува специфична генетска модификација која овозможува користење на лабораториско PCR тестирање како средство за откривање на веројатни случаи на инфекција.

Оваа верзија сè уште е детектирана како коронавирус со сите вообичаени тестови и може да се идентификува како вид на омикрон со геномско тестирање, но веројатните случаи на инфекција не се откриени со рутинско PCR тестирање кое дава побрзи резултати.

Научниците велат дека е премногу рано да се знае дали новата форма на омикрон ќе се шири на ист начин како и стандардната варијанта на овој вид, но велат дека „невидливата“ верзија е генетски различна и затоа би можела да се однесува поинаку.

останати вести