Во приградието Ердец, кој се наоѓа во близина на Крагуевац, едно име носи посебна почит. Тоа е Срѓан Чирковиќ, наречен Ќиро фризерот.
Срѓан е професионалец кој ја извршува оваа работа веќе 25 години. Тој за српските медиуми изјави како успева да ги надмине сите трендови што ги носи времето, а откри и дека не завршил фризерско училиште, па дури не завршил ниту курс.
-Јас сум металозаварувач по професија, а овој занает го научив затоа што секогаш доцнев кога одев кај фризерот или им дозволувам на луѓето пред мене да се пострижуваат. Затоа пак, секогаш гледав како фризерите стрижеа и правеа фризури, ги запаметував движењата, а подоцна ги повторував на моите пријатели и соседи кои ги стрижев дома. Со текот на годините станав многу добар во занаетот и еве опстојувам повеќе од две децении – рече Ќиро, а она што е карактеристично за неговиот салон е што тој користи чешел со либела. Иако не им е јасно на повеќемина зошто чешелот има либела, Срѓан открил дека многу глави не се симетрични што му прави проблем кога мора симетрично да ги постриже.
-Има различни глави: мали, големи, испакнати, со вдлбнатини… Сведок сум на сè и сешто за сите овие години. Времето носи нови предизвици. Досега клиентите никогаш не реагирале лошо на мојата работа и ќе сторам се и понатаму така да биде – заврши Срѓан Чирковиќ кој истовременот откри неколку тајни што неговите потенцијални конкуренти во бизнисот не би сакал да ги дознаат.