Оливер Млакар: “Боледувам од неизлечива болест“

by Тони Зографски

Популарниот  хрватски водител Оливер Млакар (84) во интервју со магазинот „Хелоу“ откри дека е во добра кондиција и добро здравје, иако боледува од неизлечива болест…

“А таа болест е староста. Сите нè чека исто. Нема лек за неа, но јас ѝ се спротивставувам, сè уште не се давам и сè уште функционирам“, вели Оливер, и додава дека староста му е убава и дека ужива во неа.

“До 100-от роденден имам уште 16 години, кои можат да се искористат“, оптимистично порача.

Инаку, Оливер Млакар живее во Горица крај Загреб и одгледување на расни кучиња е неговото хоби.

останати вести