Освен по јужнокорејскиот филм Паразит ноќешното доделување на Оскарите ќе се памети и по љубовното деби на холивудската звезда Леонардо Дикаприо.
Фоторепортерите, новинарите и неговите колеги беа изненадени со одлуката 45-годишниот Дикакаприо со себе да ја поведе и своата 23 години помлада девојка Камила Мороне со која е во врска повеќе од две години.
“Двојката“ беше седната во првите редови на Долби театарот во Лос Анџелес, а убавата Камила беше сместена помеѓу Леонардо и Бред Пит. Ако се земе в предвид дека претходно Дикаприо на вакви свечености обично со себе ја носеше мајка му, а речиси никогаш претходно не се појавуваше заедно со манекенката, многу е јасно дека врската со Камила е сериозна.
Инаку, актерот беше облече во црн смокинг, додека Камила во бел фустан со корсет.