ТРЕБА ДА СЕ ВИДИ: Премиерот Еди Рама со долга коса ќе игра во филм (ФОТО)

by Тони Зографски

Албанскиот премиер Еди Рама ненадејно стана дел од најновиот филм на Ермал Мамаќи „Ја сакам Тропоја“, јавува Коха Јоне.

Сè уште не е познато во која улога ќе игра шефот на албанската влада, но на социјалните мрежи се објавени првите негови слики како ќе изгледа во улогата, облечен во црно, со долга коса и со чудно око.

Според медиумите, една од причините што Мамаќи го поканил Рама во филмот е публиката. „Коха јоне“ пишува и дека со улогата премиерот сака да го одвлече вниманието од политичката криза во земјата.

Инаку, Еди  Рама е препознатлив и по тоа што комбинира спортски патики со класични костуми на официјалните средби со светските политичари.

останати вести