Сергеј Самсоненко си заминува од фудбалскиот клуб Вардар.
“Сите сте слободни да си барате нови клубови, додека има време“, биле зборовите со кои Самсонеко им се обратил фудбалерите,.
Од таборот на Вардар, очекувано, нема официјална потврда на оваа информација.
Фудбалерите се најдоа во тешка ситуација, бидејќи до крајот на преодниот рок остануваат уште два дена, па нивните опции да најдат нова средина се лимитирани. Уште пострашен е фактот што доколку фудбалерите навистина си заминат, Вардар ќе нема состав за да се натпреварува во Првата лига во пролетниот дел. Клубот е под суспензија од ФИФА и не може да прави трансфери поради финансиските долгови.
Ова сигурно се најтешките денови за најтрофејниот македонски клуб по 2011 година, кога се фузираше со Миравци за да избегне испаѓање во Втората лига.
Да потсетиме, Вардар оваа сезона е прв на табелата во Првата лига со осум бодови предност во однос на актуелниот шампион Шкендија.
Каква одлука ќе донесе Самсоненко во однос на ракометниот клуб, сеуште не е познато.