Наводната љубовница на рускиот претседател Владимир Путин, Светлана Кривоногих, изнајмува луксузен стан на четири ката во Санкт Петербург, според истрагата на медиумите, пренесува „Москва Тајмс“.
Рускиот сервис на Би-Би-Си го откри списокот на веб-страницата на германската луксузна брокерска куќа „Engel & Volkers“. Во огласот е наведена цената на „Резиденцијата на островот Камени“, одморалиште од 19 век за членовите на царското семејство, од околу 700.000 рубли или 8.700 долари месечно и дополнителни 1.130 долари за комунални услуги.
Светлана првпат беше јавно поврзана со Путин во 2020 година, кога истрагата на независната медиумска страница „Проект“ утврди дека оваа поранешна чистачка има имот вреден 100 милиони долари и дека е мајка на вонбрачната ќерка на Путин, Елизавета „Луиза“ Ростова, пренесува „Москва тајмс“.
Рускиот сервис на Би-Би-Си соопшти дека Светлана купил стана на островот Камени во 2004 година, една година по раѓањето на нејзината ќерка.
Станот е купен преку офшор компанија со седиште на Девствените Острови. Компанијата беше затворена по завршувањето на купувањето.
Се поставуваат прашања како една жена со скромно потекло купила стан во зграда која се рекламира како „најбарана од најбогатите во светот“.
На социјалните мрежи најмногу внимание привлече италијанската дизајнерска фотелја што треба да наликува на гасеница и е прекриена со златен материјал.
Станот има 4 ката, со лифт што меѓусебно ги поврзува, 3 спални соби, 5 тоалети, бар, домашно кино, гаража – но многумина се сложни дека ретко кој би прифатил да живее во ваков кич.
На вториот кат има позлатена спална соба и детска соба, а на третиот кат има шанк и домашно кино. На приземје има гаража и соби за возачот и чуварите.
Koja e Светлана Кривоногих?
Светлана, според некои руски медиуми, била љубовница на тогашниот политичар во подем Владимир Путин. Руската истражувачка веб-страница „Проект“, еден од ретките независни медиуми во Русија, исто така тврди дека Светлана родила ќерка во 2003 година и дека Путин е татко на детето. Кремљ ниту демантираше, ниту потврди, бидејќи рускиот претседател одбива да зборува за својот приватен живот.
Путин и Кривоногих наводно се зближиле кон крајот на 1990-тите. Во тоа време Светлана работела како чистачка и живеела во социјален стан во Санкт Петербург. Откако го запознала Путин, се преселила во ексклузивна вила во тој град. Нивната врска заврши кога Путин почна да се гледа со гимнастичарката Алина Кабаева, која сега е претседател на медиумска компанија блиска до Кремљ.