Тони Цетински веќе подолго време јавно зборува против мерките на претпазливост што беа воведени заради пандемијата на коронавирус.
Пејачот, кој со месеци јавно ги застапува ставовите против вакцинирањето, сподели слика во која им порача на своите следбеници да ги тестираат животните.
„Одете и тестирајте ги животните. Моето куче беше позитивно, па затоа го кастрирав и сега е негативен. Лекот е кастрација“, напиша тој на Инстаграм.
Неговата објава предизвика различни реакции.
Додека поединци го поддржуваа во коментари затоа што „бојкотира мерки на претпазливост“, многумина го нарекуваа неодговорен заради начинот на кој ги користи своите платформи и популарноста на мрежите.