НЕ ИМ ПРЕЧИ КОРОНАТА: Матичар од прозор венчаше геј пар (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Женски пар се венчал во Њујорк на улица, на сред епидемија на коронавирус, пренесува Си-ен-ен.

Венчавката била викендов на церемонија во мала улица недалеку од Менхетн, а двете жени ги венчал пријател, овластен да извршува венчавања.

Матичарот го извршил венчањето од прозорец, а тие стоеле на улица, на пропишана одалеченост од него.

Тоа беше најубав њујоршки момент и драго ми е што го поделивме со соседите. Го обожуваме овој град“, рекле младенците.

На фотографиите кои се појавиле во медиумите, младенците се во бели патики, се бакнуваат откако го изговориле „да“ и се веселеле по церемонијата.

останати вести