КАСИЉАС ЗАВЕЛ ВИСТИНСКА УБАВИЦА: По Сара Карбонеро тој е во врска со млада манекенка која веднаш го однела на Ибица (ФОТО)

by Тони Зографски

Икер Касиљас не чекал многу туку по раскинувањето со Сара Карбонеро запловил во романса со младата манекенка од Шпанија.

Икер Касиљас повторно е во центар на внимание поради шпанска убавица. Овојпат не станува збор за Сара Карбонеро од која се разведе, туку за младата манекенка Ана за која малку се знае.

Шпанските медиуми пренесуваат дека таа е родум од Саламанка, а и дека парот се запознал така што еден со друг си „лајкнувале“ објави на Инстаграм.

Нивната врска веќе трае одредено време, а откако забележале дека си се допаѓаат еден со друг започнале да си испраќаат пораки меѓусебно и така се родила љубовта меѓу нив.

Ана живее на релација Мадрид и Ибица, а се занимава со моделинг. Јавно признала дека минатата седмица токму на Ибица го поминала љубовниот викенд со некогашниот голман на Реал Мадрид и репрезентацијата на Шпанија.

Нивната врска датира од јануари, а ова е првата официјална врска на Икер по долгиот брак со Сара Карбонеро, позната спортска новинарка.

Тие двајца биле во врска од 2010 година до 2021 година, а од тогаш последните пет години ги поминале во брак. Имаат двајца синови, Мартин којшто има девет години и Лукас којшто има седум години.

По раскинувањето со Сара поранешниот голман направи „хаос“ кога на Твитер напиша дека е геј, но на крај се докажа дека тоа е само невкусна шега.

останати вести