По двата сина кои ги доби во неговиот последен брак, хрватскиот пејач Борис Новковиќ (52) лани по трет пат стана татко. Во април минатата година Борис ја доби својата ќерка Си со најсексипилната Хрватка од 2016 година, Ирис Волф,
На новогодишната ноќ, тој објави фотографија со 25 години помладата партнерка и осуммесечната ќерка.
“Ние сакаме љубовта да блесне во вас оваа година, затоа што сè започнува од љубовта и сè се враќа во неа. Кога љубите безусловно, тогаш енергијата на здравјето, среќата и успехот засекогаш блеска на вашиот пат. Среќна 2020 година”, напиша Новковиќ на својот Фејсбук профил.