Руската манекенка Ирина Шајк го прослави својот 38-ми роденден во друштво на своите познати колешки, а на своите фанови им покажа како добро се забавувале.
Таа позираше со моделите Емили Ратајковски и Стела Максвел, а покажа фантастична линија во тесен и малку проѕирен зелен фустан.
– Те сакаме – ѝ напиша накратко Емили под заедничките фотографии.
На вечерата се приклучил и италијанскиот дизајнер Рикардо Тиши. Сите заедно биле на лизгање. Ниту снегот не ја спречи Ирина да ги покаже стомачните во проѕирна маичка која ја искомбинира со топла јакна и тесни панталони.