Таа при влегувањето на плажата направила фотографии и видеа, а потоа содржината ја објавила на социјалните мрежи. Таа ги игнорирала сите предупредувања за забрана и се снимала како оди по розовиот песок.

Луѓето од Сардинија ги забележале нејзините објави и ја пријавиле. Официјалните лица набрзо ја идентификувале инфлуенсерката и ја казниле – 300 евра за прекршување на забраната и 1.300 евра за пристигнување на островот со брод без дозвола. Роџерија на крајот го заклучи својот профил на Инстаграм.

„Spiaggia Rosa“ се смета за една од најубавите дестинации во светот, именувана по нејзиниот розов песок. Многу посетители го понесоа тој песок со себе и ја загрозија плажата, па оваа област стана дел од заштитен резерват во 1998 година.

Плажата се наоѓа во рамките на Националниот парк Ла Мадалена Архипелагот, и може да се види за време на патување со брод.

За оние кои ќе решат да ги прекршат правилата, како Роџерија, ќе добијат казна од 300 до 3500 евра.