Овен (21.03 – 20.04)
Неделата ќе ви започне мистериозно. Одличен период соновите и идеалите да ги остварите преку вашата кариера, но не очекувајте се да оди како подмачкано бидејќи постојат идеолошки разлики со вашите колеги. Доколку ги согледате работите пореално, ви претстои голем успех.
Бик (21.04 – 21.05)
За оние во врска следува исполнета и среќна недела, а за слободните започнува период на страст и убави моменти. Се што ќе започнете во овој период, и на љубовен и на професионален план, ќе вроди со плод. Оваа недела се е во знакот на опуштањето и забавата. Уживајте!
Близнаци (22.05 – 22.06)
Оваа недела фокусот е на вашиот личен живот и врските со другите. Можно е да ви биде тешко да ги прочитате намерите на луѓето што ви значат или пак, работата да ве разделува од најблиските. Денеска ќе се чувствувате инспирирано и ќе имате многу нови идеи кои ќе ви донесат успех на работа.
Рак (22.06 – 22.07)
Конечно спласнува тензијата и возбудата од минатата недела, па ве очекува мирен период. Ги правите последните чекори во процесот на промена на себе. Сте пронашле нов пат за вас кој ви дал нова перспектива на вредностите во животот. Конечно се чувствувате одлично.
Лав (23.07 – 22.08)
Неделава започнува со нови можности во кариерата, особено на финансиски план, а вие ќе бидете посебно самоуверени поради тоа. Не плашете се да преземате ризици- тоа ќе ве одведе во нови победи. Ослободете се од се што непотребно ви го одзема вниманието и согледајте ги работите реално.
Девица (23.08 – 22.09)
Ви следи одличен развој на настаните. Ја имате контролата врз вашиот живот и се чувствувате стабилно и сигурно. Врските со пријателите ви се многу важни во моментов, иако сте свесни дека тоа бара и многу жртви. Помагајте им на најблиските колку што можете.
Вага (23.09 – 22.10)
Тешко ви е да донесете разумни одлуки поради тоа што често знаете да одите од крајност во крајност и да донесувате избрзани судови. Разговарајте и побарајте помош од некој близок кој знае да влијае на вас. Неговата помош ќе се инспирира и ќе ве направи посреќни. Одвојте време за себе и ќе откриете многу нови работи.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Во моментов сте сконцентрирани на соништата и плановите за иднината. Имате многу креативни идеи и посебен тип на интуиција. Но, за да ги остварите плановите ќе мора другите да се обидат подобро да ве разберат што планирате. Истражете ги сите можности пред да донесете конечна одлука.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Во текот на оваа седмица ќе се чувствувате како работите да не се под контрола. Чувството на збунетост и несреденост може да доведе до проблеми во односите со другите, особено со семејството. Внимавајте какви проценки правите во однос на кариерата. Не секој совет е добронамерен.
Јарец (22.12 – 20.01)
Иако ви следат возбудливи настани поврзани со некое патување или креативност, неделата ќе ви започне проблематично поради некое недоразбирање со некој близок. Веројатно сметате дека не сте разбрани онака како што треба. Сепак, оставете ги луѓето сами да проценат што е вистина, а што не.
Водолија (21.01 – 19.02)
Се наоѓате во инспиративен период кога ви надоаѓаат различни идеи за иднината. Некои од нив наидуваат на скептичност кај останатите, па тоа ви предизвикува мали проблеми во остварувањето на плановите. Поволен период за да направите добар финансиски план за во иднина.
Риби (20.02 – 20.03)
Иднината ви изгледа одлично, но бидете свесни и дека некои работи нема да одат според плановите. Ве очекуваат промени за кои ќе ви помогне некој близок. Одличен период за врски, романтика, авантури и патувања. На работно поле важи изреката: „Ако не ризикуваш, нема ни да добиеш”.