Војводата и војвотката од Сасекс преку писмо кое го упатиле на уредниците на „Сан“, „Мирор“, „Дејли Мејли“ и „Експрес“ ги известиле дека нема да одговараат на прашања на новинарите, а кога ќе биде неопходно да дадат изјава ќе го направат преку адвокат.
Во својата изјава, Хари и Меган потенцираат дека се свесни за тоа дека ваквата нивна одлука најверојатно ќе „крене прашина“ поради тоа што станува збор за медиуми кои се разбира имаат право да известуваат за нив.
– Не станува збор за одлука со која сакаме да ги избегнеме критиките. Не се работи за каква било забрана за јавно обелодување на одредени работи, или пак за обид за цензурирање на известувањата поврзани со нас. Веруваме дека слободните медиуми се основа на секоја демократија и светло во мракот – особено во кризните моменти и пишуваат за приказни кои инаку не би биле раскажани, заложувајќи се секогаш за она што е исправно – се вели во соопштението.
Оваа нивна одлука била испратена до уредниците на овие медиуми.
Меѓу другото, Хари и Меган, во својата објава, информирале и дека, од сега па натаму, доколку има потреба од било каков вид на комуникација со овие медиуми, дека таа ќе биде направена исклучиво со посредство на адвокат.