Емили Ратајковски повторно шокира: Се облече во фустан од минатиот век (ФОТО)

by Тони Зографски

Овој безвременски дизајн жените го носат со децении, а секоја година пристигнуваат нови верзии на овој класик. Емили Ратајковски неодамна на својот Инстаграм објави фотографии на кои носи токму такво парче.

За вечерно излегување во Венеција избрала женствен и светло црвен фустан со точки, кој го искомбинирала со едноставни црни чевли и дискретна шминка и накит.

„Неодолива“, „Спектакуларно“, „Повторно изгледаш убаво“, „Секој фустан ти стои одлично“, „Ти си кралица“ се дел од коментарите на објавата.

Нејзиниот фустан е Jean Paul Gualtier Soleil од 1999 година, а го има на Nünü Vintage каде што е распродаден.

 

останати вести