Легендата на југословенската поп музика, Ѓорѓе Марјановиќ, починал на 89-годишна возраст.
Ѓорѓе Марјановиќ е познат југословенски пејач, најпопуларен во текот на 60-тите, 70-тите и 80-тите години на минатиот век во СФР Југославија и според многумина најголемата sвезда на југословенската поп музика.
Роден е во Кучево. Средно училиште завршил во Пожаревац, по што студирал фармација во Белград. Откако ги запоставил студиите, заработувал пари истоварувајќи вагони на железничката станица, дистрибуирајќи млеко и весници, работи како инкасатор во Радио Белград и глумел во филмот „Сите на море“ а играл и во југословенскиот драмски театар.
Првпат пеел на аудицијата на поп-пејачи организирана од Здружението на џез музичари на Србија, а во наредниот период пеел и на игранки и забави во градот.
Пресвртницата се случила во 1958 година во Ниш. Душко Раданчевиќ, раководителот на мал белградски оркестар што ги придружувал пејачите и актерите, го поканил да пее на паузата помеѓу настапите на пејачи на забавна и народна музика. Ѓорѓе отпеал четири песни. Публиката реагирала фантастично, барајќи бис.
Ѓорѓе Марјановиќ имаше голем број на хитови а беше добитник и на голем број награди и признанија.
На концерт на Лепа Брена во Мелбурн, далечната 1990 година доживеа мозочен удар на сцена додека ја пееше песната „Мене нема кој да ме жали“.
-На концертот во Мелбурн пред повеќе од две децении на кој гостин беше Лепа Брена, тато имаше мозочен урад. Беше страѓно. Мама замина за Австралија, а јас беспомошно дома чекав да се породам. Наталија тогаш имаше настап на Белградска пролет Новинари се собираа пред нашата куќа, некои и на сила се обидуваа да влезат внатре. Се породив две недели подоцна и едвај чекав тато да дојде дома, да го види своето прво внуче. Мама и Наталија го вратија тато во живот Долго после тој мозочен удар не сакаше да излезе од дома. Требаше доста време да почне нормално да живее – вели неговата ќерка Невена.