Еден од основачите на „Парни ваљак“, гитаристот Хусеин Хасанефендиќ- Хус, во синоќешниот Дневник на „ХРТ“ ја коментираше загубата на својот колега и пријател Аки Рахимовски.
– Не знам што да кажам. „ Се слушнавме во 8, 30, кога бев на швајцарска граница. Добро ми звучеше, почувствував позитивна енергија. Со нетрпение ги очекував овие свирки што не чекаат. Аки се реализираше на сцената“, додаде тој.
„Изгубивме брат и пријател. Имам желба да се разбудам од ова, да биде некоја друга вистина“, заклучи Хус.
Аки Рахимовски почина вчера на 67-годишна возраст.
Менаџерот на легендарниот бенд, Дино Бахтијаревиќ, во име на целиот бенд изјави дека се шокирани од ненадејната загуба.
„Ова е шок за сите нас и во име на семејството и бендот „Парни ваљак“ ве замолувам да разберете во овие тешки и тажни моменти“, напиша тој во изјавата.