ТАТЈАНА СТОЈАНОВСКА ПРОГОВОРИ ЗА ЉУБОВНИОТ ЖИВОТ: Михаил ме освои со шармот (ФОТО)

by Тони Зографски

ТВ презентерката Татјана Стојановска проговори за својот љубовен живот. Таа неодамна беше гостинка во естрадниот магазин „Бекстејџ“ каде пред камерата  откри дека веќе неколку години е во врска со Михаил, кој ја освоил со својот шарм и интелект.

“Јас секогаш велам дека ако го најдеш вистинскиот човек, вистинскиот партнер, тогаш дали е тоа брак или заедничко живеење, како што јас впрочев пет години сум во една таква релација на заедничко живеење и нема потпис, но живееме како брачни партнери заедно со Михаил. Сметам дека клучот на заедничкото живеење и сето тоа меѓусебно почитување што треба да се воспостави, се она кое што дава успех, без разлика која е формата на релацијата и на врската – изјави Татјана и додаде:

“ Михаил ме освои со интелектот и шармот. Станува збор за човек кој навистина ги поседува овие две карактеристики и со вниманието и почитувањето, семејните вредности и почитувањето на жената“.

 

 

останати вести