90-годишната Сузан Хојлаерс од местото Бинком во Белгија била хоспитализирана на 20-ти март откако нејзината здравствена состојба поради коронавирусот нагло се влошила. Била сместена во изолација, што значи дека ниту нејзиното семејство не можело да ја посети.
„Не сакам на респиратор, чувајте го тоа за младите пациенти. Јас веќе имав добар живот“, им рекла Сузан на докторите.
„Немав прилика да се простам од неа, ниту да присуствувам на погребот“, вели Џудит, која не знае како се заразила нејзината мајка, пренесе Фокс њус.
Инаку, во Белгија, над 12.000 луѓе се заразени со коронавирусот, 705 луѓе починале.
Вчера беше објавено дека 12-годишно девојче починало во Белгија, се верува од коронавирус. Доколку се потврди дека имала корона, белгиското девојче ќе стане најмладата жртва на вирусот корона во Европа.