Хрватската пејачка Нина Бадриќ веќе некое време е мета на сајбер-криминалци, кои го користат нејзиното име за да рекламираат производи за слабеење, пишува „Слободна Далмација“.
„Измама. Не паѓајте на оваа измама, ова е кражба на идентитет и име. Нема диета или магични бонбони кои ќе ви помогнат да ослабенете. Нема волшебно стапче. Како што вели мојот пријател – само прободена лажица“, напиша пејачката на социјалните медиуми.
Инаку, младешкиот изглед на Бадриќ се должи на нејзиниот начин на исхрана. Инспирирана од животниот стил на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, пејачката пред повеќе од две години од исхраната ја исфрлила храната од животинско потекло, со исклучок на рибата.
Имено, проблемот со сајбер-измамите во Хрватска не е нешто ново – повеќе јавни личности веќе беа жртви на вакви измами.